По пеколните температури во изминатиот период, за денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и појава на град.
Температурите ќе опаднат за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно, а дневната температурата ќе биде во пораст.




