дома Свет Еден загинат при експлозија во рафинерија во Ротердам

Еден загинат при експлозија во рафинерија во Ротердам

Едно лице загина, а неколку други се повредени при експлозија во рафинерија во пристаништето во холандскиот град Ротердам.

Според холандските медиуми, експлозијата се случила нешто после пладне додека работници вршеле редовно одржување на резервоар за складирање гориво.

На местото на инцидентотт пристигнале пожарникари, неколку амбулантни возила и медицински хеликоптер.

Во рафинерија, според медиумските извештаи, се произведуваат течен нафтен гас, бензин, дизел и керозин.

Причините за експлозијата засега не се познати, но според мдиумите, „нешто тргнало наопаку“ при исклучување на една од цевките до резервоарот.

Пред инцидентот во рафинеријата, пожар избувнал и во блиска трансформаторска станица, најверојатно поради преоптоварување.

Според првичните сознанија, двата инциденти се чини дека не се поврзани.

ПредходнаСо гаранција од 500.000 евра укинат притворот на Илчо Ѓорѓиевски
СледнаАгентите на Имигациската служба на САД ќе добијат ракавици за електро шокови