дома Свет Балкан Пожар во магацин во Вараждин, можна причина експозија (ВИДЕО)

Пожар во магацин во Вараждин, можна причина експозија (ВИДЕО)

Пожар избувна попладнево во магацин на компанија за клима уреди во хрватскиот град Вараждин.

Според првичните информации од полицијата, на пожарот му претходела експлозија во просториите на компанијата. Пожарот бил пријавен во 14:55 часот.

Нема информации за повредени или загинати при пожарот.

Противпожарната служба на Вараждин засега само соопшти дека нејзини тимови со пет возила и 50 пожарникари се на местото на настанот и работат на гаснење на пожарот.

Деталите и околностите на инцидентот сè уште се утврдуваат.

Очевидци на настанот тврдат дека од складишетото „летале плински боци“. Според еден очевицец, боца паднала во детско игралиште на околу 50 метри оддалеченост од магацинот.

ПредходнаММФ ќе и препорачува на владата одење во пензија подоцна и поголеми придонеси