дома Бизнис Поранешен адвокат на Трамп сака да ја снабдува БиХ со гас во...

Поранешен адвокат на Трамп сака да ја снабдува БиХ со гас во следните 50 години

Американската компанија „ААФС Инфрастракчар енд Енртџи“ сака да ја гради гасната интерконекција меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина и за тоа планира склучување на 50-годишен ангажман, потпретседателот на компанијата и поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Џеси Бинал.

По разговорите со министерот за енергетика, рударство и индустрија на Федерацијата БиХ, Ведран Лакиќ, Бинал изјави дека ААФС инсистира на што поскоро склучување договор.

„Продолжуваме да работиме на овој клучен проект за да можеме да ги снабдуваме граѓаните на Босна и Херцеговина со стабилна и конкурентна енергија од различни извори. Нашата компанија е фокусирана на успешно завршување на овој договор и започнување на долгорочна 50-годишна обврска кон граѓаните на БиХ“, изјави Бинал.

Инаку, во претходните најави за проектот се споменуваше концесија во траење од 30 години.

Министерот Лакиќ по состанокот изјави дека договорот мора да ги заштити интересите на Федерацијата на Босна и Херцеговина и да овозможи стабилно снабдување со гас од алтернативни извори по поконкурентни цени.

Бинал го застапуваше Трамп во судските постапки за оспорување на резултатите од гласањето во Невада на претседателските избори во 2020 година. Бинал во моментов е заменик на Џозеф Флин, брат на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин, кој е на чело на ААФС од нејзиното основање во ноември 2025 година.

Со проектот на ААФС се предвидува поврзување на гасните системи на Хрватска и Босна и Херцеговина. БиХ на тој начин би добила пристап до терминалот за течен природен гас на хрватскиот осторв Крк и би ја намалила својата целосна зависност од рускиот гас.

Договорот за изградба на гасната интерконекција беше потпишан на 28 април во Дубровник од страна на премиерите на Хрватска и БиХ, Андреј Пленковиќ и Борјана Кришто. Советот на министри на БиХ го започна процесот на ратификација на договорот кон крајот на јули, но тој треба да биде одобрен и од Претседателството на БиХ, како и од двата дома на државниот Парламент.

ПредходнаГренланд не и дозволи нафтени истражувања на компанија поврзана со Трамп