Пожарот во битолско Лознани кој се доближи до куќите е ставен под контрола, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.
Во вечерашната заедничка изјава, директорот на ДЗС Стојанче Ангелов и командантот на Територијалната противпожарна единица од Битола нагласија дека постојат сомневања дека дел од пожарите што го зафатија битолскиот регион се подметнати.

На терен остануваат екипи кои ќе работат на целосно гаснење на пожарот.
Пожарот сега е активен кон Лопатица, Мусинци, Кутуруз и Црничани.




