дома Македонија Општество По првиот смртен случај од западнонилска треска. Кои се симптомите?

По првиот смртен случај од западнонилска треска. Кои се симптомите?

Во Македонија годинава е регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска,. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Според Институтот за јавно здравје, кај пациентот симптомите започнале на 2 август со покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест.

Кај него била дијагностицирана и клиничка слика на менингитис, а дополнително биле присутни и други здравствени состојби.

Присуството на вирусот на западнонилска треска било потврдено со серолошко испитување на ликворот.

Станува збор за првата пријавена смрт како последица на западнонилска треска во земјава во текот на оваа година.

Епидемија во 5 скопски општини

Прогласена е  епидемија на Западнонилска треска во неколку скопски општини и тоа во Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, но и покрај тоа здравствени власти порачуваат дека нема место за паника. На клиниките досега се хоспитализирани 29 лица, а има и еден починат, тоа е лице на 83-годишна возраст кое имало и дополнителни заболувања. Директорот на Инфективна болница Фадиљ Цана рече дека на Клиниката има уште лица кои се во тешка состојба, но појасни дека специфичен лек за овој вирус не постои, па тие се третираат според нивната клиничка слика. .

„Уште петмина пациенти се со тешка клиничка слика и се наоѓаат во Одделот за интензивно лекување и се на механична вентилација. Полесните клинички случаи добиваат симтоматска терапија и цело време нормално се третираат и се проценува нивната здравствена состојба, додека кај тие што појавуваат потешка клиничка форма се лекуваат во Одделот за интензивно лекување“, вели Фадиљ Цана.

Од Центарот за јавно здравје Скопје велат дека причина за прогласувањето на епидемија е тоа што во периодов има зголемен број на случаи со заразени од западнонилска треска која се пренесува од комарец. За таа цел извршени се и дополнителни прскања на град Скопје особено реонот на Драчево каде беа забележани поголем број случаи. Мерки ќе се преземаат и во отстранување на застоени води кои се легло на комарците.

„Едно од мерките предвидува и отстранување на сите оние садови, предмети или делови каде што се собира водата, каде што можат да се развијат комарците, сите оние површини како базени или фонтани или други останати водени површини. Во правец на тоа институциите може да се вклучат во отстранување на бари или застоена вода“, вели Златко Арсениевски.

Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје пак со препораки до граѓаните да користат спрејови против комарци и граѓаните, особено до земјоделците да избегнуваат места каде што има зеленила.

„Она што сакав да го посочам сега, поради горештините тие бираат моменти на раните утрински часови и вечерните часови да ги обавуваат земјоделските активности, поготово ако се поврзани со влегувања во подрачја каде што има густо зеленило, насади и такви работи, постои опција да се концентрираат комарците таму. Да користат и репелентни средства бидејќи не постои друг начин како да се заштитат во моментот“, вели Марија Гочевска.

ПредходнаЦУК: Активни пет пожари на отворен простор, 42 изгаснати до утрово
СледнаЕнтони Хопкинс дебитира во музиката со албум „Животот е сон“