Фестивалот „Итар Пејо“ има за цел преку фолклорот и културната размена да ги поврзе различните народи и да придонесе за дополнително промовирање на Прилеп како културна и туристичка дестинација.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека фестивалот ќе биде можност граѓаните и посетителите да се запознаат со културите и традициите на различни народи, но и македонското фолклорно наследство да биде претставено пред гостите од странство.
„Посебноста на фестивалот е можноста да запознаеме нови култури и традиции од различни народи, да уживаме во шаренилото на нивните традиционални носии, песни и игри, а воедно и да ја споделиме нашата богата македонска традиција со светот“ . Со фестивалот ‘Итар Пејо’, Прилеп станува сцена на пријателство, уметност и заедништво, што е чекор напред во градењето на град со отворено срце и жив дух“, истакна градоначалникот.




