дома ТОП ВЕСТИ Пронајден мртов, со повреди на телото, директорот на Алсат, Лирим Хајредини

Пронајден мртов, со повреди на телото, директорот на Алсат, Лирим Хајредини

 

 

Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, денеска е најден мртов пред трговскиот центар ТЦ „Мавровка“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).Во трговскиот центар се наоѓа и телевизијата АлсатМ во која на таа позиција е 16 години.

ДИРЕКТОРОТ НА ТЕЛЕВИЗИЈА „АЛСАТ-М“ ЛИРИМ ХАЈРЕДИНИ НАЈДЕН МРТОВ КАЈ СКОПСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „МАВРОВКА“Хајредини  беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик „Алсат-М“. (Фото: Фејсбук)

„Денеска околу 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на булевар Крсте Мисирков во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л. Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР.

Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на предвидените постапки.

ПредходнаАко водата беше загадена ќе имавме 50.000 пациенти, вели Чибишев
СледнаКинез „од хоби“ прислушувал комуникации во американска воена база во Јужна Кореја