
Припадници на Специјалниот оддел за организиран криминал и корупција (ПОСКОК) на Обвинителството на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) денеска извршија во федералното Министерството за здравство, вклучително и во канцелариите на министерот за здравство Недиљко Римац и неговиот советник Ивица Ќосиќ, јавија сараевските медиуми.
За време на претресот е запленета документација, компјутери и електронски уреди, но никој не е приведен. Според медиуите, Римац и уште едно лице имаат статус на осомничени во овој случај.
Претресите се извршени како дел од истрагата за поликлиниката „Нов живот“, која се занимавала со вештачко оплодување и складирање на ембриони. Клиниката била затворена, по што ПОСКОК покренал истрагата поврзана со заштита на правата на пациентите и продолжување на складирањето на биолошкиот материјал.
Медиумите известуваат дека затворањето на клиниката „Нов живот“ предизвикало значителни проблеми и стрес кај корисниците на нејзините услуги, кои не биле сигурни што ќе се случи со нивните биолошки материјали и дали со нив се постапува во согласност со законот. Ембрионите и биолошкиот материјал биле физички обезбедени во просториите на клиниката со месеци, но не било јасно кој е одговорен да се грижи за нив.
На крајот, ембрионите и биолошките материјали кои биле складирани во оваа клиника, се преземени од Кантоналната болница во Зеница.
Контроверзно е тоа што клиниката „Нов живот“ склучила договор со Институтот за здравствено осигурување на Федерацијата на Босна и Херцеговина, за финансирање на процедури за вештачко оплодување, иако Федералниот инспекторат укажал на неправилности во нејзината работа.




