дома Свет Балкан Претрес во кабинетот на министерот за здравство на Федерацијата БиХ во рамки...

Претрес во кабинетот на министерот за здравство на Федерацијата БиХ во рамки на истрага за клиника за вештачко оплодување

Припадници на Специјалниот оддел за организиран криминал и корупција (ПОСКОК) на Обвинителството на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) денеска извршија во федералното Министерството за здравство, вклучително и во канцелариите на министерот за здравство Недиљко Римац и неговиот советник Ивица Ќосиќ, јавија сараевските медиуми.

За време на претресот е запленета документација, компјутери и електронски уреди, но никој не е приведен. Според медиуите, Римац и уште едно лице имаат статус на осомничени во овој случај.

Претресите се извршени како дел од истрагата за поликлиниката „Нов живот“, која се занимавала со вештачко оплодување и складирање на ембриони. Клиниката била затворена, по што ПОСКОК покренал истрагата поврзана со заштита на правата на пациентите и продолжување на складирањето на биолошкиот материјал.

Медиумите известуваат дека затворањето на клиниката „Нов живот“ предизвикало значителни проблеми и стрес кај корисниците на нејзините услуги, кои не биле сигурни што ќе се случи со нивните биолошки материјали и дали со нив се постапува во согласност со законот. Ембрионите и биолошкиот материјал биле физички обезбедени во просториите на клиниката со месеци, но не било јасно кој е одговорен да се грижи за нив.

На крајот, ембрионите и биолошките материјали кои биле складирани во оваа клиника, се преземени од Кантоналната болница во Зеница.

Контроверзно е тоа што клиниката „Нов живот“ склучила договор со Институтот за здравствено осигурување на Федерацијата на Босна и Херцеговина, за финансирање на процедури за вештачко оплодување, иако Федералниот инспекторат укажал на неправилности во нејзината работа.

ПредходнаИсламски проповедник од БиХ приведен во Косово