дома Локално Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба поради...

Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба поради планирани технички интервенции

 Корисниците од село Мралино, бензинска пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во општина Илинден денеска од 6 до 13 часот ќе немаат електрична енергија поради планирани технички интервенции.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), по известување добиено од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците во село Нова Брезница во општина Сопиште и во истиот период корисниците од ул. „Христо Татарчев“ бр,49Г и околината кај поранешна фабрика „Црвена ѕвезда“ во општина Кисела Вода.

Од 8.30 до 14.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат и делови од село Инџиково во  општина Гази Баба.

ПредходнаКнадерите се вклучија во гаснењето на пожарот кај Омиш, 157 пожарникари се бореа цела ноќ
СледнаПожар се заканува на село во Германија, евакуација на околу 1.800 луѓе