дома Култура Првпат од Ковид пандемијата пет холивудски филмови остварија приход од над милијарда...

Првпат од Ковид пандемијата пет холивудски филмови остварија приход од над милијарда долари

За првпат по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот во 2020 година, пет холивудски филмови годинава ја надминаа волшебната граница на остварени приходи од една милијарда долари.

Фактот што ова остварување го постигнаа филмови од различни жанрови се оценува како исклучително добра вест за кината.

На врвот на листата е „Спајдермен: Сосема нов ден“, во кој глумат Том Холанд и Зендаја. Филмот за суперхеројот на Марвел стана досега втор најуспешен филм во викендот по премиерата. Подобар резултат од оваа има остварено само „Одмаздници: Крајна игра“, кој исто така е од семејството на Марвел.

Најуспешните филмови годинава:

1. Спајдермен: Сосема нов ден“: 1,69 милијарди долари

2. „Одисеја“: 1,12 милијарди долари

3. „Приказна за играчките 5“: 1,09 милијарди долари

4. „Мајкл“: 1,02 милијарди долари

5. „Супер Марио Галакси“: 1,01 милијарда долари

Филмот „Одисеја“ предизвикува навалици во кината каде што се прикажува во 70-милиметарски формат. Новиот блокбастер на режисерот Кристофер Нолан стана неговиот најуспешен филм досега минатиот викенд.

Петтиот филм од франшизата на Пиксар, „Приказна за играчките“, исто така привлекува маса љубители на филмови на големото платно. „Мајкл“, филмот за „кралот на попот“ Мајкл Џексон, стана најуспешниот биографски филм досега.

Последен пат пет филмови оствариле приход од над милијарда долари во 2019 година, односно во времето пред Ковид пандемијата.

Сепак, експертот Робин Брус не мисли дека Холивуд целосно се опоравил.

„Сè уште сме 10 проценти под нивото од 2019 година ако го гледаме вкупниот промет. Таа година беше навистина исклучителна, но цените на билетите исто така скокнаа оттогаш. Како резултат на тоа, приходите сега се зголемуваат многу побрзо, вели Брус.

ПредходнаПет македонски семејства побарале помош при евакуација пред пожарите во Грција
СледнаШто остана да се одработи од бескрајната листа на обврски на Зохран Мамдани во Њујорк?