
Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан се соочија со прекин во снадувањето со струја, предизвикан од „ненадејна промена во протокот на енергија“ од централноазиската мрежа, соопшти денеска казахстанското Министерство за енергија.
Инцидентот го потврдија сите четири земји, чии електрични мрежи се меѓусебно поврзани, нагласувајќи дека се работи на повторно воспоставување на снабдувањето со електрична енергија.
Прекин на електричната енергија, меѓу другите места, се регистрирани и во најголемиот казахстански град Алмати, во главниот град на Киргистан, Бишкек, како и таџикистанската престолнина Душанбе и вториот по големина град во земјата, Хуџанд. Узбекистанските власти пријавија прекини на електричната енергија во некои јужни делови од земјата, главно во близина на границата со Таџикистан.
Недостигот на електрична енергија е честа појава во Централна Азија. Причина за тоа е фактот што земјите во регионот традиционалното се потпираат на хидроенергијата, но климатските промени и недостигот на вода ги ограничуваат капацитетите на хидроцентралите.




