дома Живот Рим доби нова туристичка атракција: Нероновиот мост „исплива“ од водите на Тибар

Рим доби нова туристичка атракција: Нероновиот мост „исплива“ од водите на Тибар

Поради ниското ниво на реката Тибар во Рим од водата се појави остатоци од историски римски мост, кој служел како централна врска низ градот од првиот до третиот век.

Станува збор за „Нероновиот мост“, кој бил изграден во 39 година од н.е. Но, спротивно на она што го сугерира името, мостот не го изградил императорот Нерон, кој седнал на престолот во 54-та година, туку неговиот чичко, императорот Калигула.

Според археолог од Агенцијата за културно наследство на Рим, Антонела Бонини, мостот подоцна бил именуван по Нерон поради неговата слава.

„Нерон е најпознатата историска личност поврзана со оваа област. Токму во циркусот на Нерон, каде што сега се наоѓа Ватикан, маченички пострадал апостолит Петар“, вели Бонини.

Мостот бил изграден во 39 година за делот од центарот на Рим, каде што сега се наоѓа Ватикан, со десниот брег на Тибар. Мостот бил во употреба до почетокот на третиот век, по што се урнал.

По ова приматот на главен мост во Рим го преземал друг мост, кој се наоѓал на местото на сегашниот мост „Сан Анџело“, кој е една од туристичките атракции на Рим.

Кои се Калигула и Нерон?

Императорот Калигула е роден како Гај Цезар Август Германикус. Тој го должи својот прекар на војниците во воениот логор на неговиот татко, кој бил важен генерал. Како момче, му давале мали војнички чизми и со љубов го нарекувале Калигула или „мала војничка чизма“.

Калигула е познат како суров император. Според историчарите, тој страдал од епилепсија и ментални нарушувања и одеднаш се разболел сериозно во првата година како император.

По ова, неговото однесување драстично се променило и започнало владеење на терор со произволни егзекуции, сексуална злоупотреба и прекумерно трошење пари.

На крајот бил убиен во 41 година, по едвај пет години на власт. Нерон, кој владеел помеѓу 54 и 68 година, е исто така еден од римските императори кои влегле во историјата со особено лоша репутација.

Неговото владеење било обележано со конфликти, екстраваганција и политички чистки. На крајот, тој извршил самоубиство, по што избувнала граѓанска војна.

За Нерон се врзува урбаната легенда дека го запалил Рим и свирел на лири додека храдот горел. Меѓутоа, современи историски сознанија укажуваат дека станува збор за мит, бидејќи за време на избувнувањето на пожарот, Нерон воопшто не бил во Рим.

ПредходнаТрговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ
СледнаПоништен францускиот закон кој забрануваше пристап на децата до социјалните мрежи