дома Култура Со „Кармен“ се отвара театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“

Со „Кармен“ се отвара театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“

Со изведба на претставата „Кармен“ на Драмски театар денес во Неготино се отвора театарскиот фестивал „Бранко Ѓорчев“.

Фестивалот ќе се одржува во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, а претставите почнуваат во 20 часот, влезот е слободен.

Публиката во Неготино до 23 август ќе има можност да проследи пет претстави во ревијалната фестивалска програма.

По отворањето на фестивалот со монодрамата „Кармен“ на актерката Биљана Драгиќевиќ- Пројковска во режија на Дејан Пројковски, наредната фестивалска вечер ќе биде во вторник на 18 август со изведба на претставата „Знаме и куфер“ на режисерката Изабела Јакимова во продукција на „Театар за тебе“ од Скопје.

Во среда на 19 август театарот „Ј.Х.К.-Џинот“ од Велес ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ на режисерот Александар Ивановски, а на 21 август (петок) на програмата е „Магионичарско шоу“, детска програма со Кристијан Шопов – Кико Магико.

Фестивалот се затвора во недела на 23 август со ансамблот на Народниот театар „Ацо Шопов“ од Штип кој ќе ја изведе претставата „ЈЗУ Европа“ на режисерката Кристина Атансова.

 

 

ПредходнаУкраина ѝ нуди на Русија и двете земји да престанат со нападите врз цивилни цели во Црното Море
СледнаТие не забораваат ништо: Хороскопски знаци со најдобри спомени