дома Македонија Запленети 324 килограми марихуана во Солун, приведени македонски и косовски државјанин

Запленети 324 килограми марихуана во Солун, приведени македонски и косовски државјанин

Запленети се 324 килограми марихуана во товарно возило со приколка во Солун, а приведени се еден македонски и еден косовски државјанин.
Дрогата била скриена во осум палети со хартија, а е откриена при повеќемесечна меѓународна координирана истрага што ја спроведуваат македонската полиција во соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција.
Во рамки на акцијата, извршени се претреси на повеќе локации на територијата на државата, со цел откривање на евентуално инволвирани други лица и обезбедување на дополнителни докази и предмети поврзани со кривичното дело.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
ПредходнаБучковски за војната во 2001: Имаше тенденција да се освои територија
СледнаВажно! Како да се евакуирате од Грција ,112 дава инструкции!