дома Свет Најмалку 38 загинати во земјотресот во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 38 загинати во земјотресот во Индонезија (ВИДЕО)

Најмалку 38 лица загинаа во земјотресот со интензитет од 7,7 степени што го погоди реонот на индонезискиот остров Флорес. Властите првично издадоа предупредување за цунами по земјотресот, но подоцна го повлекоа бидејќи немаше опасно зголемување на нивото на морето.

Земјотресот се случи во 5:58 часот по локално време (23:58 часот по средноевропско време) на длабочина од 10 километри крај брегот на Флорес, со епицентар на 68 километри северозападно од градот Енде, во покраината Источна Нуса Тенгара.

Според Геолошкиот институт на САД (УСГС), по првиот имало и неколку силни последователни потреси, од кој најсилниот бил со интензитет до 6,1 степени.

Индонезиската Национална агенција за управување со кризи информира дека засега се потврдени најмалку 38 смртни случаи, но не е исклучена можноста овој биланс да расте.

По потресот се регистрирани и прекини на електричната енергија се случија во поеќе градови и села, што го попречува протокот на информации и ги комплицира операциите за пребарување и спасување.

„Продолжуваме да собираме извештаи за штети и жртви, но има прекини во комуникацијата“, соопштија локалните власти.

Според првичните извештаи, при земјотресот се урнале повеќе згради, а малиот број жртви се должи на фактот што станува збор за прилично ретко населено подрачје.

Снимки емитувни на локалната телевизија покажуваат како пациентите во различни болници биле евакуирани од зградите како мерка на претпазливост по земјотресот.

Персоналот на болницата изнел опрема надвор, вклучувајќи кревети, сталажи за интравенска инфузија и резервоари за кислород, и поставил привремени зони за третман надвор.

Привремени зони за третман беа поставени пред некои здравствени установи.

Во католичкото училиште за свештеници „Свети Петар“ во Сика, покривот на сала за состаноци се урнал додека учениците присуствуваа на утринска миса. Ректорот на училиштето, Гиделбертус Танга, рече дека учениците и калуѓерките истрчале од зградата во паника и дека еден свештеник ја скршил ногата откако скокнал од вториот кат.

Земјотресот бил почувствуван низ островот Флорес и други делови од регионот. Штети се пријавени и во Бима, во соседната покраина Западна Нуса Тенгара и во делови од Јужен Сулавеси.

Индонезија се наоѓа на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“ и е една од сеизмички најактивните земји во светот. Ова е област во облик на потковица околу Тихиот Океан, се карактеризира со голема сеизмичка активност и вулкански ерупции.

Во 1992 година, силен земјотрес и цунами го погодија Флорес, при што загинаа околу 2.500 луѓе.

Во голем земјотрес и цунами во 2004 година кај Суматра загинаа околу 230.000 луѓе во 12 земји.

ПредходнаПриведен жител на Бучим, во возилото пронајдени 14.440 евра
СледнаТрамп сака да ја провери лојалноста на сојузниците на НАТО кон САД