
Досега нема поголем наплив на мигранти кои би се обиделе илегално да преминат преку границата од Мароко во шпанската енклава на северноафриканскиот брег, иако изминаиве денови на социјалните мрежи се ширеа повици за нов мигрантски упад, како оној кон крајот на јули.
Според медиумските извештаи, иако на социјалните мрежи и денеска циркулираат повиците за упад во Сеута, на мароканската страна на границата се собрале меѓу 150 и 300 луѓе, кои се упатиле кон блискиот рид во обид да дојдат до граничната ограда, но биле запрени од мароканските полициски сили.
Дел од нив за медиумте изјавиле дека очекувале да се појави голема група луѓе за да можат да ги потиснат полицајците и да ја преминат границата, како што беше случајот на крајот на јули кога од територијата на Мароко во Сеута упаднаа околу 70.000 илегални мигранти.
Поради повиците за нов упад во Сеута, изминативе денови долж границата беа распоредени илјадници шпански и марокански полицајци и војници.




