Лондонскиот аеродром Хитроу предупреди за прекини во сообраќајот до терминалите 2 и 3 поради поплави во централниот дел на аеродромот.
На патниците што патуваат до или од овие терминали им се препорачува да не користат патен превоз, туку да користат железница и лондонското метро, објави Скај њуз.

Патниците што треба да пристигнат со автомобил можат да го користат системот „Паркирај и вози“, потоа да продолжат до терминалите 4 или 5 и оттаму да го земат бесплатниот воз до терминалите 2 и 3, или да се префрлат на локалните железнички станици.




