Сончево и топло време се најавува за првиот ден од викендот. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, слично време со утринска температура од 18 и дневна до 35 степени.
Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.




