дома Свет Украински напади врз цели во рускиот град Самара

Украински напади врз цели во рускиот град Самара

Украинските сили извршија напади врз рускиот ракетен и вселенски центар во Самара и воен аеродром, кој служел како база за борбени авиони, соопшти денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски во објава на социјалните мрежи.

Нападите врз Самара, што се наоѓа на 900 километри од Украина, ги потврдија и локалните власти, кои информираа дека цел на украинските напади била „индустриската инфраструктура во регионот“.

Градоначалникот на Самара, Иван Носков, изјави дека противвоздушната одбрана го одбила „масовниот напад“. „Индустриската инфраструктура на Самара претрпе ограничена штета“, наведе Носков во онлајн објава, но не наведе детали за погодениот објект.

Претходно во регонот на Самара, што се наоѓа во југозападна Русија, украинските сили ја нападнаа рафинеријата за нафта во градот Сизран на реката Волга, во рамки на кампањата за таргетирање на руската енергетска инфраструктура, со цел да се принуди Москва да се согласи на прекине на конфликтот.

Според Зеленски, украинската армија денеска нападнала и рускиот нафтен објект во Уст-Луга, кој бил оштетен при наападот.

Вчера, украинските сили погодија фабрика за преработка на природен гас во руското балтичко пристаниште Уст-Луга.

ПредходнаНема назнаки за најавуваниот нов упад на мигранти од Мароко во Сеута
СледнаМасовен откуп на книги од антикварниците, технолошките компании првоосомничени купувачи