дома Локално Преспански аванТУРИ – инклузивна велосипедска трка

Преспански аванТУРИ – инклузивна велосипедска трка

Со почеток во 9 часот денеска во Преспа ќе се одрѓи инклузивна велосипедска трка наменета за лица со и без попреченост насловена „Преспански аванТУРИ“.

Настанот ќе почне во Претор, од каде учесниците ќе се движат по планирана рута кон Сливница, со завршница на плажите во Претор. По турата е предвиден заеднички пикник, дружење и можност учесниците да разменат искуства во природна и пријатна атмосфера.

Посебна вредност на настанот е можноста учесниците да се запознаат и да испробаат пет различни видови адаптивни велосипеди, наменети за лица со различни видови попреченост. Преку оваа активност ќе биде промовирана и новата услуга за изнајмување стандардни и адаптивни велосипеди, со цел велосипедскиот туризам во Преспа да стане подостапен за што поголем број посетители.

ПредходнаХрватска, се шири голем пожар на Дуги оток „Пожарникарите ги бранат куќите“
СледнаТрамп: Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД