дома Свет Најголем шумски пожар во историјата на Белгија: Уништени 1.600 хектари површина

Најголем шумски пожар во историјата на Белгија: Уништени 1.600 хектари површина

Пожарот во реонот Хохе Венен (Високи Мочуришта) во источна Белгија, близу границата со Германија, кој беснее веќе неколку дена стана досега најголемиот шумски пожар во белгиската историја, соопштија локалните власти.

Пожарот од синоќа се прошири и боровата шума, па противпожарните екипи во текот на ноќта и денеска се обиде да го спречат ширењето на огнот во шумата. Гаснењето го отежнува сувото време и ветерот, како и фактот што боровите дрво се лесно запаливи.

„Атмосферата е мрачна. Пожарот се шири од три жаришта, кои се тешки за справување, делумно затоа што ветерот постојано ја менува насоката“, информира државниот радиодифузен сервис ВРТ.

Поради ширењето на пожарот кон селото Сурброд во општина Вајсмес, властите започнаа подготовки за евакуација на околу 500 локални жители.

„Ви советуваме мирно да спакувате мала торба со вашите основни работи и да ја ставите во вашиот автомобил, за да можете брзо да заминете доколку е потребно“, соопшти Кабинетот на градоначалникот на Вејмс.

Еврокомесарката за справување со кризи Хаџа Лабиб соопшти дека Владата на Белгија побарала активирање на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија за справување со пожарот во Хохе Венен.

Преку овој Механизам на ЕУ, земјите можат да побараат дополнителна помош во луѓе и опрема од други членки на Унијата, држави партнери или од резервите на блокот.

„На пат кон Белгија се еден хеликоптер и два авиона од флотата на ЕУ“, информира Лабиб, која е поранешна белгиска министерка за надворешни работи.

Според Лабиб, станува збор за хеликоптер од Чешка и противпожарни авиони од Шведска.

 

ПредходнаАвганиистан пет години по враќањето на талибанците на власт: Глад, изолација и угнетување
СледнаНема назнаки за најавуваниот нов упад на мигранти од Мароко во Сеута