дома Свет Балкан Остатоци од дронови пронајдени на четири локации во Романија

Остатоци од дронови пронајдени на четири локации во Романија

Романските власти во рок од 24 часа пронајдоа остатоци од дронови на четири различни локации во земјата.

Првиот урнат дрон е пронајден во близина на Лункавита. Подоцна во текот на денот, остатоци од дрон се пронајдени и во селото Плауру. Лункавита и Плауру се наоѓаат во југоисточна Романија, на неколку километри од романската граница со Украина.

Остатоци од дрон беа пронајдени и на плажите покрај Црното Море. Прво делови од дрон беа откриени на плажата во одморалиштето Сатурн, каде што беше спроведена евакуација на туристите. Остатоци беа пронајдени и на плажата Костинести, околу 17 килемтри северно од Сатурн.

Во моментов остатоците се испитуваат. Сè уште не е објавено ништо во врска со потеклото на дроновите.

Според романското Министерство за одбрана, и покрај овие наоди, нема докази за „зголемен ризик“ за романското население. Нема ни информации повредени или за предизвикана материјална штета.

Инаку, делови од дронови беа пронајдени и на брегот на Црното Море во Бугарија.

ПредходнаМицкоски не ја коментира изјавата на Вучиќ за црквата
СледнаПриведен тетовец, им се заканувал на сопругата и ќеркичката дека ќе ги запали