дома Локално Сончево и топло на првиот ден од викендот

Сончево и топло на првиот ден од викендот

Сончево и топло време се најавува за првиот ден од викендот. Попладне, претежно во југоисточните делови, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Минималната температура ќе се спушти од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура од 18 и дневна до 35 степени.

Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Предходна„Промена во протокот на енергија“ остави без струја четири земји во Централна Азија
СледнаХрватска, се шири голем пожар на Дуги оток „Пожарникарите ги бранат куќите“