
Иранската армија нуди награда од речиси 30.000 долари за секој американски војник кој ќе биде убиен или заробен, објави порталот Аваш.
Според извештајот, жените кои ќе заробат или убијат американски војници ќе бидат платени двојно повеќе.
Се тврди дека наградата ја нуди врховниот командант на иранските Вооруѓени сили, Амир Хатами.
Ваквите информации доаѓаат во време на континуирани воени тензии меѓу САД и Иран. Во изминатите неколку недели, двете страни постојано го прекршуваа рамковниот договор од 17 јуни, кој предвидуваше траен крај на војната на сите фронтови.




