дома Свет Најголемиот шумски пожар во историјата на Белгија уништеи 3.600 хектари, евакуирани околу...

Најголемиот шумски пожар во историјата на Белгија уништеи 3.600 хектари, евакуирани околу 600 лица (ВИДЕО)

Пожарот во паркот на природата Хохе Венен (Високи Мочуришта) во источна Белгија, близу границата со Германија, зафати речиси 3.000 хектари површина, соопштија денеска властите на регионот Валонија.

„Условите остануваат сложени. И покрај нискиот интензитет, ветерот го менуваше правецот неколку пати во текот на ноќта“, се додава во соопштението.

Властите уште вчера соопштија дека станува збор за досега најголемиот шумски пожар во белгиската историја.

Поради пожарот на околу 600 жители две села во реонот вчера им беше наредено да се евакуираат. Тие беа сместени во средно училиште во местото Малмеди.

На другите жители во областа им е советувано да останат во своите домови и да ги држат вратите и прозорците затворени.

Белгиските медиуми јавуваат дека пожарникарите се борат за ставење под контрола на пожарот, кој „претвори во пустелија големи делови од паркот на природата“. Гаснењето на огнот го отежнува и густиот чад, кој ги попречува летовите на хеликотерите и авионите.

На помош на локалните пожарникари им пристигнаа нивни колеги од цела Белгија, а во гаснењето се вклучени и хеликоптери и авиони од други земји членки на ЕУ.

Пожарот започна во област со тресет, но потоа во петокот вечерта зафати и на борова шума, почнувајќи да сешири брзо како резултата на лесната запаливост на борот.

Властите предупредија дека „суровиот терен на областа ги спречува службите за итни случаи да се приближат до пожарот со користење на конвенционални методи“. Станува збор за мочурлив терен, опкружен со густи шуми.

„Пожарот е надвор од контрола. Постои ризик да стигне до домовите, но ние ги мобилизираме сите расположиви ресурси за да ги заштитиме“, изјави портпаролпт на регионалната влада на Валонија, Никола Јерно.

Тој поосчи дека пожарникарите се повлекле на работ на шумата и дозволувајќи делови да горат бидејќи областа е многу тешко достапна.

„Ситуацијата е сложена и многу зависи од воздухопловните сили“, додаде Јерно.

Белгискиот министер за внатрешни работи, Бернар Квинтан истакна дека е „шокиран“ од брзината и обемот на уништувањето.

 Тој им се заблагодари на сите служби и волонтери од земјата и странство за нивните напори за гаснење на пожарот. „Останува неопходно да се остане на лице место со сите можни средства“, нагласи Квинтан.

Белгија вчера го активираше механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, што ѝ овозможува да побара персонал и опрема од целиот континент. Холандски хеликоптер веќе е на местото на пожарот, а на пат кон реонот се уште два хеликоптери и два шведски авиони за гаснење пожари.

„Тие ќе бидат оперативни од утре“, соопшти европската комесарка Хаџа Лабиб, нарекувајќи го пожарот најнов знак на „климатски нарушувања“ што го погодуваат континентот. „Никогаш порано сезоната на шумски пожари не започнала толку рано во годината и не достигнала толку северни географски широчини“, рече Лабиб.

Инаку, пожарот во Белгија е на само неколку десетици километри од друг голем пожар во западна Германија, кој веќе принуди на евакуација околу 1.800 луѓе, додека пламените јазици се приближуваат кон првите домови во градот Хуртгенвалд.

ПредходнаПредизборие во Берлин: Пливачки настан за црномурести деца ги разгоре страстите меѓу партиите
СледнаРекордно нискиот водостој на Рајна предизвика недостиг на бензини во Франција