дома Македонија Црна хроника Активни четири пожари, три се под контрола

Активни четири пожари, три се под контрола

  Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар има и во општините Велес и Зелениково, во атарот на селото  С’лп, кој се шири кон селата Карабуњиште Добрино и Тисовица, како и во општините Јегуновце и Сарај, кај селата Копанце и Туденце, кој со проширува кон Бојане.

Под контрола се пожарите кај селата Алданци и Норово и кај Борино и Житоше во општина Крушево и на депонијата во Кратово.

ПредходнаАрмијата одбележува 34 години од формирањето
СледнаПонеделнички хороскоп: Еден знак треба да внимава на љубомората денес