
Засега, американскиот гигант има претставништво само во Минхен.
Алтман рече дека врши притисок компанијата да изгради свои центри за податоци во Германија и да одговори на растечката побарувачка за инфраструктура за вештачка интелигенција. Тој не прецизираше датум за отворање на канцеларијата во Берлин, освен што рече дека тоа ќе биде наскоро.
Германија е најголемиот пазар во Европа за услугата ChatGPT на OpenAI, кога се бројат корисниците кои плаќаат за услугата. Според сопствените податоци на компанијата, таа е меѓу трите најголеми пазари во светот и меѓу најбрзо растечките.
Домашната економија широко ја користи вештачката интелигенција и е важен партнер на OpenAI, додаде Алтман, наведувајќи ја како пример соработката со Deutsche Telekom (Deutsche).
Алтман изјави дека во Берлин веќе разговарал со владини претставници за потенцијална изградба на центар за податоци во Германија, но дека сè уште нема конкретен договор.
Копманија, особено, разгледува опции за инвестирање во локалната инфраструктура, поради ненадејниот раст на побарувачката за компјутерски капацитет потребен за работа и обука на современи модели на вештачка интелигенција.
Сепак, Алтман истакна дека земјите мора сами да одлучат дали ќе градат центри за податоци сами или ќе ги изнајмуваат од други земји.
Сепак, Германија како деловна локација веќе има корист од длабоката интеграција на современите апликации за вештачка интелигенција, заклучи Алтман.




