Прелиминарните проценки покажуваат дека економските загуби од неодамнешниот земјотрес во Колумбија достигнаа 9,58 милијарди долари, изјави денес колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени предизвика голема штета во западниот дел на земјата, од пацифичкото пристаниште Буенавентура, преку регионот за одгледување кафе, до големите градови како Кали и Переира, објави Ројтерс.
Ова е првата голема криза со која се соочува Де Ла Есприела, кој ја презеде функцијата само неколку дена пред земјотресот, а сега ги предводи напорите за помош и реконструкција, соопшти медиумската агенција.




