
Во текот на минатата недела се отстранети 675 кубни метри отпад од диви депонии, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје.
– Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени вкупно 130 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, минатата недела изготви 28 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 17, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир – пишува во соопштението.

Од јавното претпријатие додадоа дека продолжува на жителите на градот Скопје да им се нуди можноста, својот кабаст отпад – каде што спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок, да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 7 до 19 часот.
– Доколку граѓаните имаат потреба, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 7 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644. Услугата се наплатува според однапред утврден ценовник, објавен на веб-страницата на претпријатието – се појаснува во соопштението.




