Во Охрид денеска Армијата ќе го прослави својот 34-ти роденден.
Централната прослава ќе се одржи во Кампот за обука на вода, а најавено е обраќање на претседателката на државата и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и на началникот на Генералштабот генерал мајор Сашко Лафчиски.

Армијата го слави 18 август како роденден. Тоа е денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија.
Процесот за формирање на современата македонска Армија, почна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија.
Македонската Армија денес е составен дел од НАТО откако во март 2020 година стана 30 полноправна членка.




