Западнонилската треска зема уште една жртва со што бројот на пациенти кои починаа од оваа болест се искачи на четири.

Починатиот има 76 години и на Клиниката за инфективни болести се лекувал 27 дена но поради дополнителни придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови починал.
– Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи, изјави директорот на Клиниката за инфективни болести во Скопје, Фадил Цана.




