дома Магазин Џемперот на принцезата Дијана продаден за над милион долари

Џемперот на принцезата Дијана продаден за над милион долари

64

Аукциската куќа Sotheby’s на наддавањето во Њијорк го продаде џемперот кој го носела тогаш штотуку верената принеза Дијана за 1.143.000 долари значително повеќе од неговата првично проценета цена од 50.000 до 80.000 долари.

Од Sotheby’s во описот на експонатот пред наддавањето го опиша џемперот како „волшебен црно-бел мотив на воца“ и потенцираше дека бил еден од првите дизајни на Сели Муир и Џоан Озборн од „Warm and Wonderful“ за плетена облека основана во 1979 година.

Белешката во каталогот на Sotheby’s нведува дека „го носеше Дијана Спенсен во 1981 година на поло натпреварот на принцот Чарлс“ сега британскиот крал Чарлс Трети.

„Овој пакет вклучува две официјални писма од Бакингемскиот дворец до Warm and Wonderful во кои љубезно се објаснува дека џемепрот е оштетен и се бара поправка или замнеа“, пишува Sotheby’ која сепак не го објавува идентитетот на купувачот.

Модниот бред „Warm & Wonderful“ го дизајнирал џепмерот кој беше главниот моден предмет на онлајн наддавањето коешто се одржуваше од 31-ви август до 14-ти септември.

Црвениот пуловер со осамена црвена овца во мноштвото бели овци, принцезата Дијана првпат го носела кога гледала како тогашниот принц Чарлс игра поло во јуни 1981 година. Тоа се случило еден месец пред нивната венчавка, што предизвикуваше нагаѓања за потенцијалното значење и вредност на овој дел од облеката.

Откако бил оштетен кај зглобот, нејзиниот приватен секретар Оливер Еверт ѝ пишал на сооснивачката на „Warm & Wonderful“, Џоана Озборн, и ја прашал дали може да го поправат. Неколку месеци подоцна Дијана добила нов и во него е фотографирана во 1983 година.

Озборн го пронашла оригиналниот џемпер во кутија на таван во март годинава.

„Ако сте принцезата Дијана, сигурно имате пристап до многу парчиња облека којашто можете да ја бирате за носење… Фактот дека сакала нов и две години подоцна повторно го носела… резервениот џемпер, мислам дека тоа многу зборува колку овој џемпер ѝ значел“, изјави пред аукцијата за Reuters Синтија Хоултон, глобална шефица за мода во Sotheby’s.



ПредходнаWe’re friends again: -20% намалување само денес во Fashion&Friends City Mall!
СледнаМладинско кино на ЕУ: Green Deal