Шест од десет Германци штедат пари во секојдневниот живот поради зголемувањето на цените и зголемената инфлација, покажа анкетата на агенцијата Форсе.

Според анкетата, 58 проценти од испитаниците изјавиле дека ги намалиле трошоците, додека 41 процент изјавиле дека не ги промениле значително своите навики за трошење, објави Шпигел.
Лицата под 30 години и граѓаните со пониски приходи се особено погодени.
Најчестите заштеди се однесуваат на јадење надвор, потоа на купување намирници, гориво, енергија, одмори и активности за слободно време.
Исто така, значителен број возачи ја намалуваат употребата на автомобили, додека некои преминуваат на возење велосипед, пешачење или јавен превоз.
Зголемувањето на цените е поврзано со зголемување на трошоците за енергија по глобалните тензии, вклучувајќи ги и последиците од војната во Иран, што доведе до зголемување на цените на горивата и можно зголемување на инфлацијата над три проценти.
Според економистите, инфлацијата би можела дополнително да влијае на цените на храната, услугите и патувањата во наредниот период.




