дома Македонија Миле Цеков ја напушта ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник

Миле Цеков ја напушта ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков од Движењето ЗНАМ ја напушти партијата и ќе делува како независен пратеник.

– Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал тие промени не се случуваат, вели Цеков.

Посочува дека се одлучил на ваква одлука затоа што не прифаќа да живее во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции.

ПредходнаТошковски до Петровска: Изнесувате тези кои се блиски до научна фантастика
СледнаАЛКАЛОИД со раст на консолидираната добивка од 5%, консолидирани продажби од 85,1 милиони евра и инвестиции од 7,9 милиони евра во периодот јануари – март 2026 г.