Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди се очекува денес. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната од 9 до 16 степени.
Во Скопје, слично време – облачно и ветровито со сончеви периоди, но без врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Ваквото променливо и посвежо време ќе се задржи до недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 60 km/h), а утринската температура наместа ќе се спушти под нула степени.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.




