
Брисел се надеваше дека заминувањето на Орбан ќе даде нов импулс
Маѓар изнесе услови кои во голема мера го повторуваат списокот од 11 барања што Виктор Орбан му ги достави на Киев во 2024 година. Тие се однесуваат на правата на унгарското малцинство во Украина и пристапот до образование на унгарски јазик.
Иако Маѓар ја опиша средбата со Кошта како „корисна и конструктивна“, извори велат дека атмосферата не била толку позитивна како на неговата претходна средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истиот ден. За време на разговорот со Кошта, тој повторно го отвори прашањето за унгарското малцинство во Украина.
Цврстиот став на Унгарија веројатно ќе ги разочара функционерите во Киев и Брисел, кои се надеваа дека заминувањето на Орбан ќе даде нов импулс на патот на Украина кон членство, особено во врска со формалното отворање на преговорите.
Коста и голем број земји-членки инсистираат на забрзување на процесот на пристапување на Украина и сакаат напредок во наредните недели. На состанокот минатата недела во Кипар, лидерите на ЕУ изјавија дека почетните услови за започнување на првата фаза од процесот на пристапување веќе се исполнети.
Орбан претходно го блокираше процесот, тврдејќи дека се кршат правата на унгарското малцинство во Украина. Киев постојано нагласуваше дека правата на унгарското малцинство во земјата се заштитени.
Порано оваа недела, Маѓар изјави дека сака да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за прашањето во Закарпатскиот регион во јуни. Веднаш по изборната победа на опозициската партија Тиса, Маѓар изјави дека прашањето за националните малцинства ќе мора да се реши за да се воспостават добрососедски односи со Украина.




