дома Локално Кривичен суд: Намален бројот на приговори за Безбеден град

Кривичен суд: Намален бројот на приговори за Безбеден град

Кривичниот суд Скопје информира дека се намалува бројот на приговори од граѓани за прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.
Сејф ситиСпоред податоците на Кривичниот суд, во април до судот поднесени се вкупно 38 приговори од кои шест се од правни лица, а 32 од физички лица.
– Кривичниот суд Скопје, заради интересот на медиумите за предметите поврзани со системот „Safe City“ односно издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци, ја известува јавноста дека бројот на граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок и поднесуваат приговор до надлежниот суд, во четвртиот месец е значително намален, а воедно веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговор, велат од судот.

ПредходнаЦените на нафтата паднаа откако Трамп најави акција во Хормуз Индекс на вести
СледнаМицкоски: Не очекувам промена на односот од Бугарија, имаме структури во државава кои коленичат пред бугарските власти