дома Македонија Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор

Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана која на 2 март заедно со нивната шестгодишна ќерка изврши самоубиство е осуден на 12 години затвор.

Јовановски е прогласен за виновен за трите кривични дела за кои се товареше – загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство.

Пресудата беше соопштена денеска од страна на судијата Ивица Стефановски.

Ивана заедно со нивната шестгодишна ќерка на 2 март изврши самоубиство од шестиот кат во зградата каде живееше. Претходно, во неколку наврати таа пријавувала семејно насилство во полиција и центарот за социјални работи.

 

ПредходнаКонтролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – Пораката за платен билет стигнува по половина час
СледнаВо овој момент нема услови за уставни измени, вели шефот на македонската дипломатија