дома Македонија Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи

Тошковски ќе го повлече новиот закон за внатрешни работи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави одложување на примената на новиот закон за внатрешни работи и на измените на Законот за полиција.
     Овие законски решенија, според Тошковски ќе стапат во сила по завршување на следниот изборен процес за да не и се даде, како што рече, алиби на опозицијата за изборниот дебакл што ја очекува.
– За да не им се даде алиби и да не им се остави простор да критикуваат и да бараат излезно сценарио, ќе предложам до пратениците во Собранието, најбрзо што може, измена со која и новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција ќе се одложат и ќе стапат во сила по завршување на изборниот процес, вели Тошковски.
Ваквата најава на Тошковски доаѓа по обвинувањата од опозицијата дека полицијата се партизира и дека новиот закон за внатрешни работи е противуставен.

ПредходнаМлада државјанка на Турција пронајдена мртва во стан во Штип
СледнаФилипче: Победа на СДСМ за професионалната и чесна полиција