дома Свет ИРАН: Имаме американски цели на нишан, чекаме наредба за пукање

ИРАН: Имаме американски цели на нишан, чекаме наредба за пукање

Командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) денес објави дека насочиле ракети кон американски цели во регионот и чекаат наредба за пукање.
„Ракетите и воздушните беспилотни летала на ИРГК имаат на нишан американски цели во регионот и непријателски агресорски бродови. Чекаме наредба за пукање“, изјави генералот на ИРГК, Сејед Маџид Мусави, како што објави агенцијата ИРИБ.
Повикувајќи се на извори од иранската војска, Тасним претходно денес објави дека судирите во Персискиот Залив престанале, но дека би можеле да продолжат доколку САД продолжат да им предизвикуваат проблеми на иранските бродови.
„По непријателските дејствија на американските терористи против иранските танкери за нафта, иранската морнарица изврши напади како одговор на кршењето на прекинот на огнот и како одговор на американскиот тероризам“, рече изворот.

ПредходнаПутин: Војната во Украина е близу до крајот
СледнаОпштина Карпош побарала Лукровски да се избрише од Централен регистар, а да се запише Крстевски, тврди Јакимовски