дома Црна хроника Од починат човек украле пари, документи и телефони во болница

Од починат човек украле пари, документи и телефони во болница

68

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде починал.

Притоа, пријавените лажно се претставиле како негови роднини и од него одзеле пари, лични документи и два мобилни телефони и се стекнале со противправна имотна корист од околу 40.000 денари.



ПредходнаСеверна Македонија е на одличен пат кон ЕУ, партиските интереси да се стават на страна и да се работи кон конечната цел
СледнаМалолетничка тепана и малтретирана од врснички, мајката видела видео и го пријавила случајот