Епидемијата на ебола во Демократската република Конго рапидно се шири и претставува висок ризик на национално ниво, предупреди генералниот секретар на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус.
– Ризикот е на високо ниво за регионално ширење на заразата, а низок на глобално ниво, рече Гебрејесус.
Во ДР Конго се потврдени 82 случаи на ебола. Потврдени се седум смртни случаи, но се претпоставува дека бројката е многу поголема.
Ситуацијата во Уганда засега е „стабилна“ со два потврдени случаи и еден смртен случај.




