дома Свет Оставка поднесе шефицата на американското разузнавање

Оставка поднесе шефицата на американското разузнавање

Оставка поднесе директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард. Причините за оставката се семејни, односно тешката болест на нејзиниот сопруг на кого неодамна му е дијагностициран рак на коските.
– Неговите сила и љубов ме одржаа низ секој предизвик. Не можам со чиста совест да го замолам сам да се соочи со оваа борба, додека јас продолжувам на оваа тешка позиција која бара многу посветеност, вели Габард.
Нејзината оставка ќе стапи на сила на 30 јуни.

ПредходнаСЗО: Висок ризик од ебола во Конго, низок на глобално ниво
СледнаВучиќ најави избори во периодот од септември до ноември