Се чисти Железничката станица во Скопје. Отстранети се билбордите, светлосните реклами и информативните постери, а со Архитектонскиот факултет се работи на проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица.
– Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град. Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално не-репрезентативен објект „накитен” со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена.
Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности, напиша директорот на Македонски железници – Инфраструктура Синиша Ивановски.
Во објава на Фејсбук, Ивановски наведува дека отстранети се сите билборди и светлосни реклами освен една на Хамза Донер кои одбиле да ја отстранат. Доколку не ја отстранат во рок од 7 дена, според објавата на Ивановски, договорот за закуп ќе им биде раскинат.




