дома Свет САД и Индија ги засилуваат разговорите за поморската безбедност и енергетските испораки

САД и Индија ги засилуваат разговорите за поморската безбедност и енергетските испораки

Државниот секретар на САД Марко Рубио денеска во Њу Делхи одржа средба со индискиот министер за надворешни работи Субрамањам Џаишанкар на која главни теми беа кризата на Блискиот Исток и билатералната трговија.

Двајцата шефови на дипломатиите детално разговарале и за визниот режим, поморската безбедност, како и за стабилноста на глобалните енергетски испораки во контекст на актуелните геополитички превирања.

По состанокот, американскиот државен секретар Рубио изјави дека во изминатите 48 часа е забележан значителен напредок во дипломатските напори насочени кон изнаоѓање решение и разрешување на конфликтот со Иран.

ПредходнаСе чисти Железничката станица во Скопје
СледнаМоторџии возат на едно тркало, ќе има ли одговорност