дома Свет По нападот на Русија, Украина бара седница на Советот на безбедност на...

По нападот на Русија, Украина бара седница на Советот на безбедност на ОН

Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН и на состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по руските воздушни напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во нападите што ги изврши Русија загинати се четири лица и околу 100 се повредени, а причинета е и голема материјална штета.

Рускиот претседател Владимир Путин ги реализираше најавите дека ќе возврати откако Украина нападна студентски дом во Старобилск во Луганската област, обвинувајќи ја за напад врз цивили.

Русија реализираше комбиниран напад со ракети меѓу кои и орешник и беспилотни летала во текот на ноќта на 24 мај. Нападот главно беше насочен кон Киев и околниот регион.

 

ПредходнаВозач на автобус и патник се обиделе да прошверцуваат 34.965 евра
СледнаМицкоски со порака до обвинителите – трпението е при крај, опозицијата го толкува како наредба кон државниот обвинител