Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре ќе биде во посета на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски ќе се пречека во Охрид.
По пречекот на аеродромот во Охрид, двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба и ќе потпишат договори за стратешка соработка меѓу двете земји.
Исто така ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.
Согласно агендата, во 12:30 часот двајцата премиери треба да одржат заедничка прес-конференција.




