Седум лица загинаа во Франција во инциденти поврзани директно или индиректно со тековниот топлотен бран , изјави во вторник заменик-министерката за енергетика Мод Брежон, цитирана од Ројтерс.

Според неа, петмина од починатите се удавиле во езера, реки или на плажи поради високите температури.
Француската влада им наложи на локалните власти да преземат мерки за заштита на луѓето за време на спортските настани, додаде Брежон.
Ве потсетуваме дека во Париз моментално се одржува Отвореното првенство на Франција во тенис „Ролан Гарос“.
Франција е зафатена од температури над сезонските од саботата.
Поголемиот дел од регионот Бретања е ставен под портокалов код за опасни временски услови од страна на метеоролошката служба Метео Франс, која очекува температурите да достигнат 36 степени Целзиусови во вторник попладне.
Според „Метео Франс“, се очекува топлотниот бран да продолжи и во среда и четврток.




